Отворен клуб за пензионери во „Гоце Делчев“
23.11.2015 10:03
| KumanovoNews
Во трговскиот комплекс во населбата „Гоце Делчев“ викендов се отвори пензионерски клуб.
Ова е 11-ти пензионерски клуб на Здружението на пензионери Куманово, а се отвара на барање на членовите.

Пензионерите од ограноците од трите населби ќе имаат можност да го користат овој централен клуб и организирано да го користат слободното време - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
По отварањето на клубот, пензионерите од “Гоце Делчев“ и “Тоде Мендол“ играа шах. Пензионерски клубови има во приградските населби, но и во Умин Дол, Агино село, Липково. Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане има повеќе од 13.300 пензионери.


