Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Издавачката куќа “Култура“ по втор пат организира “Романијада“ за млади автори до 35 години, кои имаат роман во ракопис, а немаат објавено книга досега.
Авторите можат да конкурираат до 15 јули, а резултати ќе има во септември. Романот треба да биде во жанровите: драма, трилер, љубовен роман, крими, авантура или научна фантастика и романот да не е подолг од 110 страници. Победникот од конкурсот ќе потпише договор со издавачката куќа, а целта на конкурсот е да се поттикнат младите автори да пишуваат.
Повеќе информации заинтересираните можат да најдат на www.kultura.com.mk.