Отворен конкурсот за ФИЛМАЈ – фестивалот на краток филм
09.12.2025 16:40
| KumanovoNews
Фото-кино клубот „Козјак“ – Куманово го распиша конкурсот за годинешното издание на фестивалот на краток филм ФИЛМАЈ.
На фестивалот може да се пријават кратки играни филмови со траење до 20 минути, завршени по 1 јануари 2024 година. Конкурсот е отворен до 8 март 2026 година.
Филмовите може да конкурираат за наградите: „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија, „Козјак“ за најдобро сценарио и „ФИЛМАЈ“ за најдобар краток филм.
„Македонските (домашни) филмови што ќе се пријават, освен за наградата за најдобар македонски филм, истовремено влегуваат и во меѓународната конкуренција за горенаведените награди“, соопштуваат организаторите.