Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Припадничките на понежниот пол, од денеска ќе можат да го негуваат своето лице и тело во прекрасниот амбиент на новоотворениот салон за убавина "Spa Divine".
Во салонот ќе се користат искуства на познатите светски козметичари и производи. Салонот свечено беше пуштен во употреба синоќа во присуство на бројни гости од градот.
- Овој салон за убавина ќе им овозможи на сите припаднички од понежниот пол да се погрижат за својот изглед со помош на нашите најсовремени третмани на лице, тело и коса, со најмодерни апарати и техники - изјави сопственичката Ивана Маневски.
"Spa Divine" може да се пофали со прифатливи цени, а за редовните клиенти ќе има многу акции и попусти.
- Работиме со брендирани производи и единствени сме во градот кои ја користиме италијанската козметика за лице и тело Comfort Zone - кажа Марина Лазиќ, вработена во салонот.
"Spa Divine" се наоѓа на улица “Октомвриска револуција“ во просториите на поранешниот салон "Spa Diva".