Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани денеска во липковското село Оризаре отворија нова градинка и Дневен центар за деца со пречки во развојот.
Двата објекти чинат околу 37 милиони денари, рече министерот Спасов.
Првичниот капацитет согласно стандардите за детска градина е за околу 60 деца згрижување , а Дневниот центар ќе започне со капацитет од 20 деца, меѓутоа потоа има простор за зголемување на капацитетот. И понатаму продолжуваме со зголемување на бројот на детски градинки ширум општините и со проширување на мрежата на Дневните центри за децат со пречки во развојот - изјави Спасов.
Со ова Владата помага за подобрување на условите за живот во руралните средини.
Секогаш велам дека има неколку сегменти од процесот на децентрализација, еден од тие сегменти е социјалниот сегмент на процесот на децентрализација, и т.н социјална сфера. Ние денеска како Влада во соработка со локалната власт и со градоначалникот на Липково докажуваме јавно дека овие процеси ги довршуваме со конкретни проекти, ние и натаму ќе продолжиме и во другите сфери на воој процес да инвестираме - рече Шабани.
До крајот на 2015 година ќе бидат отворени нови градинки во повеќе населени места.