×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложба на акварели во Куманово

    06.02.2016 11:04 | KumanovoNews

     Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложба на акварели  „(По)трагите на водата“.

    Отворена изложба на акварели во Куманово

    Изложбата се состои од  31 дело и е во организација на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност. Таа се спроведува како дел од  проектот „Кич,да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура.

    „Првото преставување беше во Чифте Амам во Скопје, минатата година во мај и сега реализираме патувачки концепт на оваа изложба, за што повеќе градови да можат да уживаат во делата од емнинтни автори, познати имиња на македонската современа ликовна уметност и има автори од соседните држави“- вели Елена Георгиевска, кустос во Националната Галерија на Македонија.

    Роберт Цветковски, историчар на уметност во Центарот  за култура „Трајко Прокопиев“, додава дека учесниците на изложбата се основоположници на македонското современо сликарство.

    Изложени се дела од Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ – Цицо, Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Петар Лубарда, Предраг Милосављевиќ – Пеѓа и други.

    Изложбата во Куманово ќе трае до 17 февруари.