Отворена изложбата на Александар Симоновиќ-Симо
02.12.2015 09:27
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија синоќа беше отворена изложбата на Александар Симоновиќ-Симо со наслов „Дрвото на животот“.

Присутните имаа можност да погледнат 21 дело од последната продукција на авторот. На Симоновиќ ова му е петта самостојна изложба, а неговите дела се работени во комбинирана техника, песок и акрилни бои.
Песокот како изразно средство ми овозможува да ги доловам геометриските елементи застапени во делата - рече уметникот.
Драгана Спасковска, историчар на уметност во Музеј Куманово вели дека делата се изработени во интересна техника која отстапува од класичните норми.
Оваа изложба ќе гостува и во други градови низ Македонија.