×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата на кумановските ликовни уметници

    11.11.2019 14:34 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија во Куманово, синоќа беше отворена изложбата на кумановските ликовни уметници, по повод пет века Куманово и Денот на ослободување на градот.

    Отворена изложбата на кумановските ликовни уметници

    Нa изложбата, со свои дела учествуваа: Гоце Божурски, Александар Стефановски, Игор Андреиќ, Ивана Андреиќ, Ардиан Кадриу, Дејан Божиновски, Ханифе Ислами, Трајан Трајковски, Елита Алити, Слободан Тимчевски, Мирослав Величковски, Деа Салихи, Мухамед Идризи, Марија Величковска, Далибор Крствески, Александар Симоновиќ, Страхил Петровски, Валентина Илијевска, Марина Цветановска Мартиновска, Стефан Анчевски, Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Симона Јакимовска, Мила Трендафиловска.

    На отворањето на изложбата, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, им го честита празникот на кумановците.

    „Овој град поминал низ својата историја, како составен дел на четири држави: Отоманското царство, Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, Кралството на Стара Југославија и сега во независна Република Северна Македонија. Навистина е чест да се зборува пред еден ваков аудиториум за уметност, за култура, за традиција, бидејќи токму вие уметниците, оставате сериозни траги во делот на она што значи творештво“,- додаде Димитриевски.

    На изложбата присуствуваа и премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како и преставници од Нови Сад, новата збратимена општина со градот Куманово.