×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата на слики на колонијата „Лесново“ во Центарот за култура во Куманово

    08.02.2024 14:37 | KumanovoNews

    Во фоајето на Центарот за култура во Куманово е отворена изложбата на дела создадени на Лесновска ликовна колонија 2023 година. Тоа е 31-то издание на колонијата, етаблирана во 1992 година со меѓународен карактер, на која учествувале 17 уметниците а се создадени 30 слики.

    Отворена изложбата на слики на колонијата „Лесново“ во Центарот за култура во Куманово

    Лесновската ликовна колонија е една од најпознатите  ликовни колонии во нашата држава.

    „Лесновската ликовна колонија започнала во 1992 година и низ годините станала бренд на нашата општина и се одржува секоја година кон крајот на јуни и почетокот на јули. Учесниците беа од РС Македонија, но и Бугарија, Србија и Данска, иако порано на колонијата учествуваа учесници и од подалечните држави.Во последните две години работите се враќаат во нормала, и ќе го враќаме поширокиот  меѓународен карактер на колонијата“, истакна на отварањето Сандра Мијалковска, директорка на Дом на култура „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

    Сликите се работени во повеќе различни техники акрил на платно, масло на платно, спреј на платно и графика, дрворез.

    Учесниците се сместени во капацитет во селото Лесново, строго наменет за колонијата. Инспирацијата ја црпат од живописноста на местото и Лесновскиот манастор, едно од најмоќните духовни светилишта во Македонија.

    Покровител на манифестацијата е Општина Пробиштип, поддржана од Минстерството за култура преку конкурсот за проекти од национален интерес, а во целосна организација на Домот на култура „Злетовски Рудар“ од Пробиштип.