Отворена канцеларија за проектот „Купи куќа за млади“
01.02.2016 09:47
| KumanovoNews
Кумановци во својот град ќе можат да се информираат за проектот „Купи куќа за млади“.

За таа цел заинтересираните можат да се обратат во Управата за имотно-правни односи. Вработените ќе им објаснат кои се условите и како полесно можат да дојдат до сопствен дом. Покрај за овој проект, граѓаните ќе може да се информираат и за проектот „Купи куќа, купи стан“. Поддршката од државата е 80 отсто субвенција на ратата и тоа главнина и камата во текот на осум години и уште три години субвенција од 50 отсто на ратата, или 100 отсто од учеството за кредит.
Канцеларии за проектот ќе имa во 33 општини во државата.