Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од минатата недела започна со работа претставништво на Агенцијата за приватно обезбедување на лица и имот „Магнум“ во Куманово.
Агенцијата ќе врши професионално обезбедување на приватни објекти, имоти и лица, на подрачјето на кумановско, но и пошироко. Тимовите на „Магнум“, за безбедноста на лицата и објектите се грижат на современ и одговорен начин.
„Ние сме професионална агенција за обезбедување, на која конкуренцијата може да и позавиди. Искусни, посветени и различни од тоа што го имаме сега на нашиот пазар“, велат од „Магнум“.
Сите вработени поседуваат лиценца и легитимација за обезбедување, а имаат културен пристап и почит кон секој клиент.
„Секако, не би биле тука каде што сме без нашите лојални вработени, кои ни се на прво место и на кои „Магнум“ им е должен за сите свои заслуги. И покрај сите тешки економски услови, се трудиме да ги задржиме и подобриме стандардите, односно условите за работа на нашите вработени, а со тоа и квалитетот на услугите“, додаваат од Магнум.
„Магнум“ ДОО е реномирана компанија која се занимава со приватно обезбедување на лица и имот од 2004 година и во своето портфолио има многу задоволни клиенти од земјава и странство.
Моментално ги задоволува потребите на светски познати компании – странски инвеститори во Македонија, како и домашни успешни компании, и физички лица. Својата дејност ја обавува со помош од преку 50 работници во обезбедување и има задоволни клиенти во повеќе македонски градови, меѓу кои Куманово, Штип, Струмица, Скопје и др.
„Граѓаните, како и компаниите кои имаат потреба од услуги од професионална агенција за обезбедување, со мобилно-интервентна екипа, со три обележани службени возила, со најсовремен мониторинг центар кој работи 24/7, и со искусни и професионални работници во оваа дејност, може да ја контактираат агенцијата преку телефон или е-маил за бесплатна понуда и консултација. Повеќе информации може да најдете на нашиот веб сајт www.magnum.com.mk . Магнум нуди бесплатна проценка на ризик и безбедносен консалтинг, а за услугите на обезбедување имаме висок квалитет на услуга со многу конкурентна цена”, соопштуваат од „Магнум“.
За услугите на „Магнум“, може да се обратите во канцеларијата на локалитетот „Рим - Париз“ на ул. Трета МУБ бр. 56 или на тел. броеви 072 205 - 280 и 031/ 410 - 950.
(ПР Текст)