×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена нова месарница на кланицата БДА компани

    31.03.2021 15:16 | KumanovoNews

    Најквалитетно свежо месо и месни производи од денеска граѓаните можат да купат во новата месарница на најпознатата кланица БДА компани од Куманово. Месарницата се наоѓа на булеварот „Октомвриска револуција“, до реонското пазарче и ќе работи секој работен ден и за време на викенд.

    Отворена нова месарница на кланицата БДА компани

    Покрај квалитетно свинско, телешко, јунешко месо и пилешко, во нашата продавница може да се најде и свежо месо од дивеч. Мислам дека сме единстевно со оваа понуда не само во регионот, туку и пошироко. Она по што ќе се разликуваме од другите е и по тоа што месото ќе биде со кланични цени, пониски и прифатливи за сите купувачи“, изјави Најден Бајдевски, сопственик на кланицата БДА компани.

    Граѓаните се задоволни што во нивната населба се отвори ваков модерен објект, во кој ќе можат да пазарат во пријатна атмосфера.

    Извонредна понуда и голем избор на секаков вид на месо, месни и млечни производи. Навистина ми значи, затоа што ми е блиску и можам да доаѓам секојдневно. И во однос на цените пониски се од другите. Просторот е убав, персоналот љубезен и навистина е задоволство е да се дојде и да се купува овде. Првиот впечаток е одличен“, вели една госпоѓа, која ни кажа дека е пензионерка и ја знае понудата и цените во продавниците.

    Сопствениците ветуваат дека месарницата ќе биде добро снабдена во секое време и ги повикуваат граѓаните да се уверат во квалитетот и ниските цени на нивните производи.

    Со отворањето на овој деловен простор на површина од 120 метри квадратни обезбедени се нови 10 работни места, со што компанијата БДА придонесува и за намалување на невработеноста во градот. По повод отворањето, денеска беа дадени големи попусти, а се подготвуваат повеќе акции и промоции за потрошувачите за престојните празници.

    (И.А.)