×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена сензорна соба во училиштето „Бајрам Шабани“ во Куманово

    12.09.2022 20:24 | KumanovoNews

    Денеска свечено беше пуштена во употреба новата сензорна соба во ООУ “Бајрам Шабани” во Куманово, која е наменета за инклузивни практики за учениците од ова образовна установа. 

    Отворена сензорна соба во училиштето „Бајрам Шабани“ во Куманово

    Таа е дел од проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, и е пример за целосно вклучување на учениците со попреченост во образовните текови и придонесува кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во државата.

    Од Министерството за образoвание велат дека инклузијата како процес е eден од нивните приоритети. Поради тоа од минатата година во процесот на образование и воспитување се вклучени 450 образовни асистенти, а оваа година се додадени уште 250. 

    „Во тек е и подготовка на закон за средно образование, каде битно место ќе заземе инклузијата и во средните училишта, кои досега не беа вклучени. Да не заборавам да ги споменам и оние граѓани, коишто имаат свои деца или сакаат да помогнат на училиштето, што помогнаа финасиски во опремувањето на собата, покрај официјалните донатори“, истакна Лулзим Алиу, заменик министер за образование и наука.

    Фондацијата „Чекор по чекор” веќе 25 години се залага за подобрување на условите во сите училишта и смета дека инклузијата е основно човечко право, и дека секое дете има право на добро и квалитетно образование. 

    „Покрај огромиот број стипендии што ги доделуваме, опремуваме и сензорни соби за да покажеме еден модел на училница каде што децата ќе можат да ги развиваат своите целосни когнитивни и моторички потенцијали“, потенцираше Сузана Киранџиска , извршна директорка на фондацијата “Чекор по Чекор” .

    Инаку, оваа е втора сензорна соба во Куманово, првата е отворена во училиштето „11 Октомври”, а постојат и инклузивни игралишта во дворот на „Браќа Миладиновци” и „Крсте Мисирков”. Во тек се подготовки за отворање на вакви соби и во училиштата „Кочо Рацин” и „Карпош”.

    „ Потреба од вакви соби имаат сите училишта. Мислам и дека нашите наредни проекти и програми ќе бидат ставени во таа насока. Ако имаме идеја, ако имаме прецизна цел може се да се организира со помош на месното население и со зедницата, секако со поддршка на Општината и Советот, кои издвојуваат средства за ваквите проекти“, изјави Ивана Ѓорѓиевска, претседателка на Советот на Општина Куманово.

    Благица Димитровска, претседателка на здружението „Инклузива”, смета дека инклузијата е комплексен процес, кој не е работа на поединци туку на здружени сили на сите општествени чинители.

    О. Пешевска