Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за образование, Панче Кралев денеска со кандидатот за градоначалник, Зоран Ѓорѓиевски го посетија ОУ “Јероним де Рада“ во Черкеско село, каде ветија изградба на спортска сала и реновирање на училиштето.
На покана на директорот на училиштето дојдовме и може на лице место да видиме каде во иднина ќе биде изградена спортската сала, како дел од проектот за изградба на 140 спортски сали кој го спроведува Министерството за образование и наука. Досега учениците не можеа да реализираат настава во нормални услови, како што е во голем број училишта во Република Македонија. Училиштето е ставено во програма за реконструкција, како дел од проектот кој се реализира со заем од банката на Европа - изјави Кралев.
Тој рече дека локалната самоуправа и Владата треба да соработуваат за подобрување на условите во образованието. Кралев вели дека на ваков начин Куманово ќе биде пример за град со одлични услови за образование.
Во нашата програма ова училиште е опфатено, со влегување во програмата за реновирање на десет основни училишта. Ќе биде реновирана столаријата и покривот на училиштето. Еден капитален објект кој треба да се гради е спортска сала бидејќи училиштето има 600 ученика - вели Ѓорѓиевски.
Кандидатот за градоначалник кажа дека за Черкезе се планираат и други проекти, како изградба на водовод, решавање на проблемите со водоснабдување, изградба на детско фудбалско игралиште и друго.