Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска основното училиште “Кочо Рацин“ го празнуваше 67- от патронен празник. По тој повод беше организиран прием за гостите и креативен саем.
На неколку штандови се дегустираше храна, имаше етно катче и беа поставени штандови на англискиот или германскиот јазик, географија, биологија и информатика.
Децата направија рецепти од брашно, пита, леб, подготвија сирење. Ваков штанд со храна досега немало. Исто така учениците напишаа песни инспирирани од се она што се наоѓа на штандот. За изгледот на штандот се погрижија ученици од подрачното училиште во село Орашац - вели Ивана Георгиевска, професор по македонски јазик.
На штандот за сликари, децата имаа поставено штафелај и цртаа пред присутните гости.