×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пакетчиња за децата без родителска грижа

    26.12.2019 10:54 | KumanovoNews

    Дваесетина деца без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства, како и деца под старателство на свои блиски роднини, денеска добија пакетчиња од градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

    Пакетчиња за децата без родителска грижа

    „Традиционално и оваа година, во пресрет на Новата година заедно со децата без родители и со членовите на згрижувачките семејства, им посакуваме убави празници на сите граѓани,  да уживаат и да се радуваат со своето семејство и да ги искористат моментите за убави нешта. Згрижувачките семејства ги сметаме за една од најхуманите групи во нашата заедница и ја користам оваа прилика да ви се заблагодарам лично на сите за се што правите за нашите и вашите штитеници,“- рече градоначалникот Димитриевски.

    Дедо Мраз ќе врачи пакетчињата и на децата кои во моментот се сместени на Детското одделение при ЈЗУ Општа болница Куманово.