Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дедо Мраз ги посети и однесе пакетчиња на четири дечиња, единствените ученици во подрачното училиште „Браќа Рибар„ во селото Четирце.
Новогодошната прослава ја организираше невладината организација „Коло на српските сестри„ со претседателката Живка Христовска.
Ние секоја година ги посетуваме овие ученици и им носиме подароци и книги. Така беше и сега. Обезбедивме пакетчиња од наши спонзори и пријатели и отидовме да им ја честитаме Новата година. Тие не ја криеја својата среќа што се сретнаа со Дедо мраз, а и нивните родители се благодарни што некој се сетил и на нивните дечиња- вели Христовска.
Таа додава дека во организацијата многу им помогнале учителката Катерина Младеновска. Во Четирце настава на српски јазик од прво до четврто одделние ја посетуваат само четири дечиња, а нивниот број секоја година е се помал.
Минатата Нова година, овие деца заапрвпат во животот се сретнаа со Дедо Мраз.