Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“, од 9 до 14 јули ќе учествува на фолклорен фестивал од светски размери во Шилц, Германија.
Екипа од 32 учесници ќе го презентира македонскиот фолклор, култура и традиција во овој германски град, кој е под заштита на УНЕСКО и каде ќе се соберат 70.000 посетители за време на фестивалот.
Сите учесници од сите земји ќе се сместат во семејства. Градот тие седум-осум денови живее за фестивалот. Куќите во простор од 3 до 5 км, каде ќе бидат сместени странските екипи се заштитени од УНЕСКО. Значи нешто неверојатно добро направено и големи напори треба за да се учествува на тој фестивал. Фестивалот е на едно високо ниво, навистина престижен. Мислам дека на еден најдостоинствен начин ќе го претставиме кумановскиот и македонски фолклор - изјави Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител во “Панче Пешев“.
На враќање од Германија кон Македонија, играорците ќе гостуваат во повеќе градови во Истра, Хрватска каде ќе настапат пред Македонците кои живеат таму, а можно е да договорат и настап во Црна Гора.
Фестивалот во Шилц има традиција од 80 години.