×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Панихида за стогодишнината од смртта на Јане Сандански

    22.04.2015 15:23 | KumanovoNews

    Во соборниот храм “Свети Никола“ во Куманово, денеска митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф служеше заупокоена литургија и панихида за Јане Сандански.

    Панихида за стогодишнината од смртта на Јане Сандански

    Овогодинешниот помен се совпаѓа со стогодишнината од неговото убиство. Убиството на  револуционерот Јане Сандански било извршено на 22 април 1915 година кај месноста Блатата на патот од Рилскиот манастир за Неврокоп. Бил нападнат од 7-8 души кои биле вооружени со пушки и најверојатно биле од неврокопската чета на ВМРО. Еден од нив го заобиколил и го застрелал во грб. Се претпоставува дека нападот бил организиран од Стојан Филипов, а како физички убиец бил посочен Андон Качарков.