Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Гинеколошкото одделение на Kумановската болница доби нова сонда за дијагностика, која се користи за преглед на бремени жени во првото тримесечие и рана детекција на тумори на јајници или мала карлица кај останатите пациенти.
.
Донацијата е на Амбасадата на Република Романија во Македонија, со вредност од 17 илјади евра.
„Помошта доаѓа во вистинско време затоа што моментално имаме дефект на истиот постоечки апарат. Ова донација е договорена со претходниот состав, а денеска е свеченото врачување на оваа сонда. Во разговорот за амбасадорката беше спомнато дека од нареднта година тие ќе имаат уште поголем буџет па се надеваме на уште поплодна соработка во поглед на подобрување на здравствената заштита на нашите корисници“, истакна директорот д-р Стефан Трајановски.
Амбасадорката Адела Моника Аксинте потенцираше дека донацијата е обезбедена преку романската Агенција за меѓународна соработка.
„Многу ми е драго што Романија може да донесе мал, но се надевам значаен допринос за добро функционирање на Одделението за гинекологија на болницата во Куманово. Ние се надеваме дека допринесуваме во спасување на животи и во процесот на дијагностика. Ова е само добар пример за многу добрите односи меѓу нашите земји. Ние сме спремни да продолжиме со истата соработка со кумановската болница и во иднина“, потенцираше Аксинте.
Д-р Софија Трајковиќ објасни дека ваквата сонда, која е потрошен материјал, има многу големо значење за нив, затоа што во последните година и пол немале можност за такви прегледи, кои се практикувале во болницата 12 години претходно.