Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Против двајца полицајци од СВР Куманово поведени се дисциплински постапки.
Казнети се еден инспектор од Полициска станица Куманово и полицаец вработен на граничен премин Пелинце.
На инспектор за прифат- сменоводител во Полициска станица Куманово, изречена му е мерка парична казна во висина од 15 отсто од месечната плата за три месеци, бидејќи започнал со преземање на мерки за расчистување на пријавени кривични дела, но за истите не ги информирал претпоставените старешини.
На полицаец во Полициска станица Пелинце, РЦ за ГР-Север, изречена му е мерка парична казна во висина од 15 отсто од месечната плата за шест месеци, затоа што не извршил проверка на лица и возило кои биле предмет на потрага и истите оствариле „излез“ од РМ.
За истиот период донесени се решенија против 74 вработени во Министерството за внатрешни работи, поради направени повреди во работењето.