Парично казнет полицаец од СВР Куманово
03.11.2014 09:20
| KumanovoNews
Еден полицаец од СВР Куманово е меѓу 32 - та вработени во МВР, против кои минатата недела е поведена дисциплинска постапка.

На Н.П. му е изречена мерка парична казна затоа што дал поинаков исказ од оној што го дал предходно, и своерачно го потпишал пред претставниците на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Дисциплински постапки се поведени против 32 вработени во МВР и тоа од Гевгелија, Берово, Струмица, Штип, Демир Капија, Радовиш, Неготино, Охрид и други места.