Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На патарините во државата странците ќе можат да плаќаат со метални евра, за да се намалат редиците што во изминатите неколку дена ги создадоа туристите кои транзитираат низ државата.
Истовремено, на патарината Романовце на автопатот Куманово-Скопје, обезбедени се четири ленти за наплата во правецот кон Скопје, а од спротивната насока ќе се користи само една додека не поминат летните гужви.
Во јавноста излезе информација дека не е овозможено плаќање на патарините со евра. Тоа е овозможено, но проблем беше што не се примаа железни монети. Од вчера и тоа е воспоставено како можност за да не претставува застој. Исто така, овозможивме од пет можни рампи четири да се отворени за дестинацијата каде има поголем број возила. Овие два дена имаше енормен број возила како никогаш досега во последните 15 години и затоа имаше таков застој - изјави министерот Миле Јанакиески.