Патниците коишто денеска ќе пристигнат од ризичните земји ќе одат во карантин во касарна
Двесте патници коишто денес ќе бидат земени од граничниот премин помеѓу Бугарија и Унгарија, и од граничниот премин Деве Баир ќе влезат во земјата, ќе бидат сместени во групен карантин во касарна на Криволак, бидејќи доаѓаат од високоризични земји.
Како што рече, министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција, касарната ќе биде претворена во карантин за овие патници, кои ќе бидат снабдени со храна, медициска поддршка и соодветно обезбедување.
- Тие двесте луѓе, најголем број од нив, согласно информациите коишто ги имаме досега, работеле во ризичните делови, дел од нив во Италија, дел во Австрија. Точните податоци ќе ги регистрираме откако ќе се интервјуираат на влезот на државата и сите тие ќе одат на групен карактин,- додаде тој.
Тој воедно апелираше до граѓаните да седат дома, затоа што епидемијата е восилен ек и се очекува нејзино зголемување.
Епидемијата е во силен ек. Секоја епидемија има свој тек, има почеток и врв, понатаму намалување на случаите. Очекувано е во наредниот период бројот на заболените да се зголемува, затоа е најбитно да се спречи локалната трасмисија. Затоа останете дома, не се собирајте, не се групирајте, излегувајте само ако имате некоја итност, не контактирајте многу со луѓето, не се задржувајте многу во маркетот, држете дистанца од метар ипол, задолжително мијте ги рацете од 20 до 30 секунди,- потенцираше министерот.
Вкупната бројка на заразени во Македонија во моментот е 26.