×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Павлески во посета на кумановска фабрика за производство на течно кафе

    18.12.2020 14:57 | KumanovoNews

    Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески, денеска беше во посета на компанијата „Кафе ди Артисан“ во Куманово, која е успешна странска „браунфилд“ инвестиција.

    Павлески во посета на кумановска фабрика за производство на течно кафе

    Компанијата „Кафе ди Артисан“ се наоѓа во кругот на поранешната фабрика „Киро Фетак“ и произведува течно кафе во капсула за странските пазари. Фабриката работи од 2018 година, а вкупниот износ на инвестициските вложувања до 2020 година изнесува 56.980.138 денари.

    На средба со раководство на компанијата се дискутирало за текот на инвестициските активности и плановите за раст и развој на компанијата, како и за унапредувањето на соработката во насока на поврзување на компаниите инвеститори со домашните компании.

    „Соработката со инвеститорите откако ќе започнат со работа за нас е од особена важност, бидејќи ние како Агенција ги разбираме постојаните деловни потреби што се менуваат како што расте работата, и за таа цел, ние тесно соработуваме со сите компани за да го олесниме тој раст. Во таа насока се и овие посети кои имаа за цел да се согледа успехот но и проблемите и деловните барања кои компаниите може да ги имаат, а ние со нашите активности за грижа на инвеститори со сигурност ќе помогнеме да се надминат и решат, “ –изјави Павлески.

    Агенцијата дава поддршка на компаниите, не само во процесот на планирање и започување на инвестицискиот проект, туку и во текот на целото свое работење, е клучна за успехот на самата компанија. Оваа поддршка е со цел да се овозможи на компаниите полесно да се адаптираат, да ја најдат соодветната работна сила, да најдат квалитетни домашни компании со кои ќе соработуваат, а со тоа и да го унапредат својот инвестициски проект.

    Од друга страна, компаниите како корисници на финансиска помош согласно законот за финансиска поддрша на инвестиции, кој нуди финансирање во насока на зголемување на конкурентноста на економијата и вработувањето, успеваат континуирано да го зголемат призводството, а со тоа и бројот на вработени, што е позитивен показател за нашата економија.

    Компанијата„Кафе ди Артисан“ започнала со работа во 2016 година со отворање на првата фабрика во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, а подоцна во 2017 ги лансирала своите производи во Велика Британија и САД во 2018 година. Производите на компанијата се продаваат во САД, Европа, Средниот Исток и во Јужна Азија.

    (С.Н.)