×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пазарџии протестираа пред општината

    30.09.2014 12:04 | KumanovoNews

    Триесетина пазарџии, кои продаваат на тротоарот кај Зелен пазар, денеска протестираа пред општина Куманово, со барање да им се најде простор каде да работат.

    Пазарџии протестираа пред општината

    Тие тврдат дека сите тезги на Зелен пазар веќе се издадени под закуп, и бараат да им се најде простор каде ќе продаваат или надлежните да ги толерираат уште месец дена.

    “На улица не се продава и муштериите не купуваат, бидејќи е нечисто. Нека ни набават тезги, ние внатре ќе продаваме, ќе плаќаме по 3000 денари месечно и нема кој да не брка. Има надвор над 100 диви продавачи. Доаѓам секој втор ден за да не ме фатат и казнат, а има луѓе кои во пазарот држат по неколку тезги“ - вели Станка Пригова, земјоделец.

    Трговците се жалат дека деновиве полицијата и инспекциските служби  ги отстрануваат и казнуваат.

    “Сум донел две канти сирење и срамота е да ме бркаат. Деца хранам, без работа сум. Барањето ни е уште месец дена да бидеме надвор. На пазар има тезги, ама се продава текстил и тоа на што личи?“ - рече Александар Димковски, земјоделец.

    Неколкумина од нив беа примени во општината, но до објавување на текстот не добивме одговор дали постигнале некаков договор.