Пазарната инспекција казни неколку фирми во Куманово
13.11.2014 09:13
| KumanovoNews
Државниот пазарен инспекторат, од почетокот на месецов, казни неколку фирми во Куманово, заради неиздавање на фискални сметки, пушење и други прекршоци.

Издаден е еден платен налог во износ од 92.250 денари, според Законот за угостителската дејност, за неиздавање на фискални сметки.
Еден платен налог во износ од 30.750 денари по Законот за угостителската дејност.
Една казна по Законот за заштита од пушењето во износ од 153.750 денари и две казни по Закон за трговија во износ од 43.050 денари.
Издадени се четири решенија за привремена забрана за вршење на дејност.