×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пчели и оси се почесто боцкаат

    08.08.2013 11:30 | KumanovoNews

    Зголемен е бројот на кумановци кои побарале лекарска помош поради убод од пчела, оса или стршлен.

    Пчели и оси се почесто боцкаат

    Лекарите од итна медицинска помош кажуваат дека во последните неколку дена многу пациенти побарале помош поради убод од инсект.

    Имаме повеќе интервенции од вообичаеното од каснување од пчела и оса. Пред некој ден од педесетината прегледани пациенти, половина беа со убоди. Не сите кои што доаѓаат или викаат Брза помош се алергични, но ние ги преземаме сите потребни мерки или ги праќаме на интерното одделение-велат лекарите.

    Една од причините што луѓето се плашат и веднаш бараат лекарска помош е и тоа што имаше неколку случаи со фатални последици по каснување од пчела и стршлен.