„Пчиња“ издава дозволи за риболовците
21.01.2016 10:29
| KumanovoNews
Во спортското риболовно друштво „Пчиња“ во тек е издавањето на дозволи за рибарење.

За разлика од лани, оваа година годишните дозволи се за 10 отсто поефтини и чинат околу 1350 денари зависно од категоријата.
„Очекуваме оваа година да издадеме околу 600 дозволи. Цената е намалена во однос на минатата година поради доброто економско работење во „Пчиња“, односно повеќе членови, поефтини дозволи“-рече Роберт Лазаревски, претседател на „Пчиња“.
Се повикуваат сите риболовци навреме да извадат дозволи за да не се соочат со санкции од државниот инспектор.