×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пчиња направи пустош во Старо Нагоричане

    16.05.2010 16:18 | KumanovoNews

     Надојденита вода на реката Пчиња ноќеска зароби четири лица во бањата Стрновец, кои за да се спасат биле извлечени со хеликоптер. Драмата траеле од 3 часот по полноќ до раните утрински часови, кога една жена и тројца мажи вработени во кафеаните во бањата, ноќта ја поминале во еден објект за да не ги повлече големата вода што носела се пред себе.

    Пчиња направи пустош во Старо Нагоричане

     Децата почнаа да викаат дека доаѓа водата. За 10 минута толку надојде што немеше никакви шанси да излеземе. Почнавме да расчистуваме во дворот најдевајќи се дека ќе ја пренасочме, но таа навлезе и во објектот на висина од 80 см. Струјата беше исклучена и кога видовме дека станува опасно не фати паника и отидов во кафеана до нас. Таму  беше уште пострашно бидејќи имаше 1.60 метри вода. Се јавивме во полиција околу 3 часот по полноќ, но екипите за спасување со чамци не можеа да дојдат до нас. Специјалците од МВР околу 8 часот не извлекоа со хеликоптер и не префрлиа во кумановската болница ,каде примивме инфузија и не пуштија дома - вели Олгица Денковска, една од спасените.

    На Oлгица ова не и е прва поплава во Стрновец, пред неколку години таа истотака беше во кафеаната во која работи, кога се излеа Пчиња. Тогаш остана запаметена по изјавата „Иде Дунав, ќе погинемо, ама колко можемо ќе се спасимо...

    Има пет години како беше таа поплава, ама тогаш водата беше надојдена околу 100л/с, сега сигурно имаше околу 400 л/с. Толкава вода досега не сум видела, страшно беше - вели Олгица.

    Невремето и водите заробиле уште 4 лица кои биле во своите викендички. Нив ги извлекла екипите на полицијата со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.  Големата поплава зафати десетина села и околу 4 000 хектари обработливо земјиште по течението на Пчиња, Меморијалниот центар Пелинце, урна и оштети два моста, а отсече триесетина села. На терен излегоа и претставници од Општината Старо Нагоричане.

    Ваква поплава немало во последните 100 години. Оваа година ова е четврта поплава во овој регион и крајно време е Владата да преземе конкретни мерки за регулација на речното корито на Пчиња. Општината нема пари тоа самата да го направи , но реката тече низ три општини и проблемот треба да го решаваме заедно за да не доаѓаат во опасност граѓаните, како што беше мината ноќ - вели Миодраг Јовановиќ, градоначалник на Старо Нагоричане.

    Општината ја посети министерот за одбрана кој вети дека Владата ќе помогне за санирање на последиците од поплавите.

    Излевањето на реката Пчиња уследи по големо невреме што ја зафатило Јужна Србија. Таму големи поплави имало во Трговиште, каде две лица загинале.