Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
52 деца од социјално загрозени семејства денеска добија пакетчиња во просториите на Општина Куманово.
Се работи за деца од градинка, ученици во основните училишта “Крсте Мисирков“, “Браќа Миладиновци„, “Христијан Карпош“, корисници на услуги во невладината ромска организација “Врама си“. Нив градоначалникот им посака среќна Нова година со желби за добро здравје, среќа на нив и нивните семејства и успех во училиште.
Локалната самоуправа овозможи овие 52 дечиња кои ја посетуваат градинката по основ на социјална група да добијат пакетчиња и да имаат чувство за новогодишните празници. Нашата агенда секоја година е таква за најмладите. Завршуваме со петочното издание со Дедо Мраз на Градскиот плоштад, доделување на чоколади, бомбони со културно - забавна програма - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Од “Врама си“ се заблагодарија за убавиот гест на градоначалникот.
Ова се деца социјално загрозени кои немаат можност да добијат пакетчиња и ова е една прекрасна можност да добијат од градоначалникот кој традиционално секоја година дели пакетчиња за овие деца - вели Марина Мехмедов, едукатор во “Врама си“.
Во оваа невладина децата од ромска националност добиваат помош за пишување на домашни и совладување на материјалот.