×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Педесетина компании на Саемот за вработување

    17.12.2014 11:14 | KumanovoNews

    Над педесетина фирми од регионот, денеска се претставија пред кумановци на Саемот за вработување што се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„.

    Педесетина компании на Саемот за вработување

    Невработените имаа можност да се информираат за слободните работни места кои ги нудат компаниите и за можностите за нивно ангажирање.

    Саемот го отвори директорот на Агенцијата за вработување на Македонија, Влатко Поповски кој истакна дека саемите се покажале како добар начин за нови вработувања.

    “Во Куманово има доста луѓе кои бараат работа, кои останаа без работа во изминативе години. Има доста компании кои во истиот момент бараат работници за своите капацитети. Се надевам дека денешниот ден ќе донесе доста вработувања, доста позитивни одговори на барањата за работа. На овој саем присуствуваат компании не само од Куманово, има и од Кратово и Крива Паланка. Со овој саем ќе придонесеме да се знае каде се има работа во целиот регион. Во наредниот период ќе продолжиме со приближување на пазарот на трудот кон невработените“ - изјави Поповски.

    На саемот на младите им беше кажано да одберат дефицитарни професии, а цв- то за работа да го надополнуваат со сите сертификати и дипломи кои ги имаат.

    “Застапени се фирми од сите бранши. Имаме од производство, трговија, текстилна индустрија, метална, дрвна индустрија. Се очекува да продефилираат околу 10.000 луѓе денеска на саемот. Заклучно со 15-ти овој месец во Куманово има 4.700 слободни работни места “ - рече Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

    Компаните кои учествуваат на саемот се задоволни од одзивот и интересот на невработените.

    “Граѓаните со средно прашуваат за општи работници, а помалку се со високо образование. Ние како работодавци ќе ги земеме информациите, за понатаму кога ќе се отвори некое работно место да имаме од каде да побараме работници. Некои се запишуваат, некои оставаат цв. Моментално има 20 работници кои се на нашиот список“ - кажа Дарко Доневски од “ДБД“.

    Меѓу невработените имаше поголем број млади, но и повозрасни луѓе кои се надеваат дека токму денешниот ден ќе им биде среќен за наоѓање на работата која ја чекаат со години.

    “Година и пол сум без работа. Јас 20 години работев во “Димче Еребица“, и неколку години бев чевлар. Очекувам да најдам работа, иако кај нас е тешко. Чевларски град сме, може да се најде работа во чевларство, но условите се катастрофа“ - објаснува Валентина Милановска, невработена.

    Во Куманово има нешто повеќе од 19000 невработени, од кои 10.300 се активни баратели на работа.

    На првите три саеми организирани од АВРМ во другите градови се вработени над 150 луѓе.