Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во нижото музичко училиште “Панче Пешев“ досега се запишале 15 ученици, a над 50 слободни места кои ќе бидат пополнети во наредниот период.
Првиот уписен рок за ученици во прва година започнува кон крајот на мај и почетокот на јуни, а вториот е од 28 август до 10 септември.
Најголем прилив на ученици има во септември. Децата се заинтересирани за пијано, виолина и гитара. Имаме вкупно 23 паралелки, од кои 4 ќе бидат со нови ученици. Учениците треба да донесат фотокопија од извод, а потоа следи аудиција за да се провери музикалноста, слухот, чувството за ритам кај детето. Примаме деца од 6 до 11 години зависно од инструментот кој сакаат да го изучуваат. Виолина и пијано најпогодно е да почнат да се изучуваат на 6 или 7 години. Дувачки инструменти, хармоника и гитара можат да запишат деца на 9 годишна возраст, а за пеење е дозволено да имаат наполнети 11 години бидејќи гласот мутира - изјави Светлана Трајковска, директорка на нижото музичко училиште “Панче Пешев“.
До 15 август професорите се на колективен одмор, но училиштето е отворено од 8 до 12 часот и сите заинтересирани можат да дојдат и да се запишат во нижото музичко училиште “Панче Пешев“. Се нудат седум оддели, односно пеење и изучување на шест инструменти.