×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пендаровски прогласи вонредна состојба во државата

    18.03.2020 18:12 | KumanovoNews

    Претседателот на државата, Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена на територијата на целата држава. Ова е прв пат Македонија да прогласи вонредна состојба.

    Пендаровски прогласи вонредна состојба во државата

    Пендаровски рече дека одлуката ја донел поради сложената ситуација и со цел спречување од ширење на коронавирусот.

    - Фактот што за прв пат од нашата независност прогласуваме вонредна состојба укажува колку е сложена ситуацијата во која се наоѓаме и колку е голем ризикот за сите нас. Од денес извршната власт ќе има зголемени надлежности и ќе може да ги користи сите ресурси на државата – потенцирам, сите и државни и приватни за поуспешно да се справиме со епидемијата. Во вонредна состојба Владата ќе може да носи уредби со законска сила, со цел, да воведе поголеми ограничувања во движењето на луѓето, и, особено да обезбеди поголеми средства за поддршка на економијата која влегува во исклучително кризен период. Епидемијата значително ги оптовари ресурсите на државата и веќе во овој момент, штетите за фирмите кои не работат се огромни. Тука Владата мора да понуди значителна помош и поддршка, - рече претседателот Пендаровски.

    Претседателот побара граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат препораките на институциите.

    - Во деновите пред нас, бидете дисциплинирани и одговорни пред себе си, пред своите најблиски, особено бидете одговорни и помагајте им на нашите повозрасни граѓани и граѓаните со хронични заболувања. Не излегувајте од дома без позначајна потреба. Следете ги информациите од надлежните органи и институции и доследно почитувајте ги нивните препораки, - додаде Пендаровски.

     Тој им се заблагодари на сите ангажирани здравствени работници, полицајци, војници и волонтери, кои изминативе недели вложуваат навистина натчовечки напори да им помогнат на граѓаните погодени од болеста.