Пензионерите ќе организираат меѓународен хорски натпревар
Здружението на пензионери Куманово оваа година во месец мај ќе организира меѓународен хорски натпревар.

Натпреварот ќе биде со ревијален карактер, а ќе учествуваат хорови од нашата земја, Србија и Бугарија.
„Имаме соработка со пензионери од Врање, Лесковац и Смедеревска Паланка од Србија и од Бугарија од Плевен и Софија. Настанот е ставен во програма, ама деталите не се разработени. Ние со хор учествуваме на меѓународни хорски средби и добиваме покани. Сега пројавуваат интерес Куманово да биде домаќин. Ние ќе бидеме нивни домаќини, а тие ќе бидат наши гости“- вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Оваа година пензионерите ќе реализираат 35 културни настани и секој месец ќе има по два спортски настани. Со меѓународен карактер годинава ќе биде средбата на пензионери во Пелинце и забавно-музичка средба со жени пензионерки.