Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на Здружение на пензионери Куманово, пред неколку дена ја посетија Врањска бања и се запознаа со благотворните својства на водата која помага во лечење на реума.
Бевме примени во старционарот, a директорот на бањата оддржа кусо предавање за лековитите својства на бањата. Врањската бања е многу популарна и позната од одамна посебно по лекување на ревматични болести. Сега се подобруваат условите и нашите пензионери ќе можат да одат таму, бидејќи местото е во непосредна близина. Температурата на водата е висока, а иам и медицинска екипа која врши прегледи - изјави Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери.
Пензионерите ја посетиле и куќата на Бора Станковиќ и други културно - историски споменици во Врање.