Пензионерите премиерно ќе ја играат “Сомнително лице“
13.05.2015 08:31
| KumanovoNews
Членови на Здружението на пензионери Куманово, утре во МКЦ “Козјак“ премиерно ќе ја изведат претставата “Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ.

Почетокот на претставата е закажан за 18 часот, а влезот ќе биде слободен за посетителите.
“Ова е наш шести проект. Оваа претстава е по повод 150 години од раѓањето на Бранислав Нушиќ. Комедијата е со актуелна тема, и пензионерите ќе се насмеат и развеселат“ - вели Славица Ламбаша од Здружение на пензионери Куманово.
Пензионерите досега подготвија неколку претстави кои освен во Куманово, ги играа и во другите градови низ Македонија.