Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Пелинце во сабота ќе се оддржи “Еко - хепенинг“, манифестација на која ќе учествуваат пензионери од 24 македонски здруженија и гости од Србија.
Поканети се пензионерите од Врање, Лесковац и Прокупље од соседна Србија. Ќе дојдат претставници од ПИОМ, од Сојуз на пензионери на Македонија, а ќе се обрати пред присутните и нашиот градоначалник. Настанот е насловен како “Еко - хепенинг“ бидејќи главниот мотив е дружење во природа - рече Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
„Еко - хепенинг“ се организира по 11 - ти пат, и на настанот се очекува да присуствуваат околу 1500 пензионери.