Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на пензионерите од Куманово отвори клуб во населбата Карпош. Во клубот ќе се реализираат повеќе спортски и рекреативен активности, со цел оваа група на граѓани креативно да го исполнува слободното време.
Се надеваме дека ќе има одзив кај пензионерите. Во населбата Карпош има околу 400 пензионирани граѓани, а оваа бројка заслужува да има еден ваков клуб. Тука ќе се овиваат повеќе активности и се надевам дека секој ќе си најде нешто за себе -вели Станојко Стевковски, претседател на клубот Карпош.
Пензионерскиот клуб во населбата Карпош ќе се финсисира со средства од Здружението на пензионерите- Куманово.