×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Перо Наков“ прослави 70 години постоење

    13.11.2015 13:22 | KumanovoNews

    Средното училиште „Перо Наков“ денеска одбележува 70 години постоење и успешна работа.

    „Перо Наков“ прослави 70 години постоење

    По повод патрониот празник повеќе делегации положија цвеќе пред бистата на херојот во дворот, а потоа ја проследија богатата културно-уметничка програма. Учениците подготвија театарска претстава, модна ревија  и модерен танц.

    Ќе бидат доделени благодарници на најуспешните ученици кои што во повеќе области се натпреваруваа. Сакам да нагласам дека приредбата заеднички ја подготвуваа колегите од албанските паралелки и колегите од македонските паралелки. Исто така учествуваат ученици од двата етникума. Имаме гости од збратименото Економско училиште од Ниш, Република Србија. Тие пристигнаа вчера попладне и ќе бидат тука до сабота. Секоја година доаѓаат што ни е особено драго. Сместени се кај наши ученици“-изјави директорката Лидија Тасевска.

    Гостите од Ниш кажаа дека со “Перо Наков“ соработуваат веќе 8 години. Дојдени се 9 професори и 10 ученици во посета на “Перо Наков“.

    Се разменуваат искуства за спорт, наставни планови, така да ова е една севкупна соработка што се однесува до школите. Се планира професорите и учениците од Куманово да дојдат на 23 мај кога е нашиот Ден на училиште. Исто ќе бидат три дена кај нас, кај нашите ученици и ќе биде тоа едно убаво дружење - рече Милица Стевановиќ, педагог во Економското училиште во Ниш.

    За патрониот празник синоќа во „Перо Наков“ бендови и солисти од самото училиште направија журка.