×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Перо Наков“ со награди на „Образовно рандеву“

    20.04.2015 13:50 | KumanovoNews

    Ученици од  средното училиште „Перо Наков“,  викендов добија повеќе награди на „Образовното рандеву“ што се одржа во Велес, организирано од МАССУМ.

    „Перо Наков“ со награди на „Образовно рандеву“

    Ученикот Дарко Димитриевски освои прво место за интервју за работа, а  екипно училиштето освои второ место за модна ревија и штанд, и трето место за маркетинг план. Учесниците на рандевуто, велат дека и покрај силната конкуренција оставиле впечаток, за што сведочат и наградите.

    Учениците се натпреваруваа во повеќе од 20 категории. Има силна конкуренција, учествуваат училишта од цела Македонија, но не можеме да не бидеме задоволни од успехот на нашите ученици - вели Гордана Стојановска, наставник по економски предмети.

    Првонаградениот Дарко Димитриевски подготвил кратка биографија, мотивационо писмо, препораки за вработување, и одговорил на сите прашања од комисијата на интервјуто за работа.

    Беа во конкуренција 24 кандидати и одговаравме пред комисија која не прашуваше за работите наведено во цв-то. Ги подготвив сите документи и интервјуто се одвиваше на најдобар можен начин. Се одеше како што планиравме. Имаше некои ненадејни прашања, за кои требаше малку да се размисли, но одговорите одеа континуирано - рече Димитриевски.

    Ученичката Милица Величковиќ објаснува дека сами подготвиле модна ревија со десет модели, инспирирани од историската облека и современата мода за што добија втора награда.

    На штанд во Велес средношколците го презентирале своето училиште и профилите кои ги нуди.

    Направивме макета, промотивен материјал, имаше флаери и летоци, бидејќи сите не го знаат нашето училиште. Можеше да се прочита историјата на нашето училиште и струките - вели ученичката Драгана Славевска.

    Пет члена екипа подготви маркетинг план за производство на магарешко млеко и млечни производи.

    Многу од луѓето не се запознаени со нашиот производ бидејќи е многу редок. Станува збор за исклучително квалитен производ. За таа цел подготвивме маркетинг план, отидовме и го презентиравме - рече ученикот Дарко Живковски.

    Покрај медали и плакети, учениците за трето место за најдобар маркетинг план добија ваучер од 500 евра за запишување во бизнис академија во Скопје.