Песни на кумановски поети препеани на словенечки јазик
02.06.2014 11:10
| KumanovoNews
Песните на четворица поети од Друштво на писатели Куманово, учесници во групната збирка “Деца на сонцето“ се препеани на словенечки јазик.

Во збирката се застапени 11 поети од Македонија, меѓу кои има поезија од Божана Трајковска, Оливера Доцевска, Аго Хаурдиќ и Билјана Станковска.
Од Друштво на писатели Куманово велат дека ова многу им значи, бидејќи за првпат ќе се промовираат во странство.