×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет илјади бесправно изградени објекти чекаат легализација во Куманово

    15.02.2025 14:59 | Оливера Пешевска

    За уште 5.004 бесправно изградени објекти се води постапка за легализација на територијата на Општина Куманово. 

    Пет илјади бесправно изградени објекти чекаат легализација во Куманово

    Поголем дел од нив, поточно 4.308 се водат како спорни. Најголема пречка се некомплетната документација, како што е  изјави од косопственик, неважечки лични документи, непостоење на елаборат или други причини.

    За 13 години колку што трае процесот на легализација во Секторот за урбанизам во Куманово се доставени 26.256 барања, од кои се решени 21.252 предмети.

    „Со оглед на бројот на комисии одлично е сработена работата, работат само три, а решени се голем број на предмети. Нивна обврска е да излезат на лице места, да ја сликаат и документираат фактичката состојба и да изготват записник. Ова е долг и макотрпен процес, како за урбанистите така и за граѓаните“, објаснува Горан Стојковски, заменик раководител на секторот.

    За да се легализира еден објект  треба да се исполнат повеќе услови, меѓу кои близина на магистрален или регионален пат, железничка линија, водотек– река или езеро, а мора да се добие одобрение и од ЕВН доколку некој вод поминува над пријавениот објект за легализација.

    Причините за негативни решенија се главно нерешени имотно- правни односи, некомплетна докуметација или непочитување на роковите. Надлежните потенцираат дека имало обиди за изигрување на системот.

    „Законот за легализација се однесува на објекти изградени до 3 септември 2011 година, а три пати продолжениот рок се однесува само за имот на граѓани кои не ги поднеле документите на време. Имало случаи кога и за подоцна изградени куќи, згради, индустриски хали се поднесени барања да се легализираат, но не ги исполнуваат условите“, објаснуваат урбанистите.

    И во овој процес се огледа небрежноста на граѓаните, како на пример се чека последниот момент за докомплетирање на документацијата, но понекогаш и не постои можност за надминување на меѓусебните семејни расправи, па често блиски сродници одбиваат да потпишат за објект кој се наоѓа на или е заедничка сопственост. Некои случаи се во процедура по и по 10 години, а често членови на комисијата се обраќаат до подносителите да ги потсетат дека треба да им достават некој документ.

    По изготвување на решенијата постои процес на вклопување на објектите во постоечките урбанистички планови, што ни малку не е лесна и едноставна задача.

    Урбанистите се сложуваат дека Законот за  легализација на бесправно изградени објекти иницирал многу прашања за локалните самоуправи. Според познавачите не ги дал посакуваните резултати- наместо да се помогне на најсиромашните граѓани корист имале сопственици на големи вили, па дури и згради или индустриски хали. Законот за легализација ги охрабрил недисциплинираните граѓани и придонел за зголемување на урбанистичкиот хаос.