Мени

Пет лица нападнале Авганистанец и му одзеле 3000 евра

21.08.2017 12:49 | KumanovoNews

На автопатот Скопје-Куманово, во близина на селото Бунарџик, пет непознати лица извршиле разбојништво врз Г.Х.Х од Авганистан.

Пет лица нападнале Авганистанец и му одзеле 3000 евра

Нападот се случили вчера во 4 часот по полноќ, кога напаѓачите со закана со нож и удар со тупаница му одзеле околу 3000 евра, рачен часовник и мобилен телефон, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.