Пет липковски села без струја
16.01.2016 09:14
| KumanovoNews
Пет села во општина Липково утрово се без струја, информираат од ЕВН Македонија.

Без напојување со електрична енергија се домаќинствата во селата Опае, Ваксинце, Лојане, Матејче и Никуштак. Екипи на ЕВН во текот на денот ќе ги санираат дефектите по што снабдувањето со електрична енергија ќе се нормализира.