×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет невладини организации ќе добијат 50.000 евра од Општина Куманово за проекти од социјална заштита

    09.07.2024 12:07 | Оливера Пешевска

    Средствата од околу 50 илјади евра од социјалната програма на Општина Куманово е поделена на 5 невладини оргазнизации кои аплицирале на јавниот повик.

    Пет невладини организации ќе добијат 50.000 евра од Општина Куманово за проекти од социјална заштита

    Повторно пари добиваат невладината „Инклузива“, Центарот за ромска заедница ДРОМ и Хуманитарното здружение „Мајка“, а нови на списокот се Центарот за рурале развој „Бујрум“ и Здружение за едукација, советување и стимулација на лица со посебни потреби „Детска Светлина“ од Куманово.

    „Инклузива“ добива најголем дел од колачот 1,15 милиони денари, односно близу 19 илјади евра, и ДРОМ со 650 илјади денари или повеќе од 10 илјади евра.

    „Здружението „Инклузива“ за прв пат во градот ќе воспостави дневен центар кој ќе дава услуга со индивидуални и групна работа на децата со попреченост. ДРОМ на воспоставување на центар, кој исто така го нема во нашиот град и целиот Североисточен регион, а тоа е „Центар за дневен престој на деца во ризик“. Новитет е и прифатниот центар за жртви на семејно и родово базирано насилство на здруженитео Мајка, за кое на јавниот повик се одобрени 500 илјади денари“, образложи Александар Крстевски, раководител на Секторот за социјална заштита и заштита на децата.  

    Според изгласаната програма „Инклузива“ за крајниот корисник ќе обезбедува рехабилитација, индивидуална логопедска и дефектолошка поддршка, третман, психомоторичка акција, поттикнување и стимулирање на развој на когнитивна  и моторна способност на децата, со посебен акцент на спортот и физичкиот развој.

    Проектот на ДРОМ е наменет за децата на улица, деца со низок социо-економски статус, деца од семејства со нарушени односи, дисфункционални семејства и предвидува дневно згрижување, исхрана, одржување на лична хигиена, индивидуални активности, стекнување на работни и животни вештини, воспитно, социјални, културни и рекреативни активности, советување, едукација, образовна поддршка итн.

    Хуманитарното здружение „Мајка“ ќе работи на прифатен центар и згриженување на жртви на насилство во тек на 48 часа. Подоцна преку Центарот за социјални работи ќе се  препраќаат до невладината организација „Надеж“ во Скопје, каде жртвата ќе добие интервентно прифаќање, сместување, безбедна средина, социјална и психичка поддршка, облека, храна, придружба до институциите, помош при вадење на документи, правна помош. ХЗ „Мајка“ помага и при вработување во индустриската зона, за да жртвите сеткнат економска независност.

    Дел од здруженијата добија општински пари и лани за истите проекти, па дел од советниците бараа појаснување за средствата кои им се исплатени и извештаите кои требало да ги достават за извршените услуги кон граѓаните.

    Советникот Самет Салиевски потсети дека минатата година се издвоени 300 илјади денари за истиот проект.

    „За жал ништо не се работи, имаме се повеќе деца на улица и поголем број кои питачат. Ме интересира по кој критериум се распределени овие средства, а ме интересира и колкава бројка на деца ќе можете да згрижите и со кои деца ќе работи ДРОМ, во кој дневен центар и по колку време дневно ќе бидата сместени. Добро е да се изместат од улиците, но мислам дека се дуплира бројката и ги има се повеќе на семафорите. Добро е да се работи на овој случај, но со 650 илјади денари се сомневам дека сумата ќе биде доволна“, констатираше Салиевски.

    За прв пат во социјалната програма на Општина Куманово се најде Здружение за едукација, советување и стимулација на лица со посебни поттреби „Детска Светлина“ Куманово, кои ќе работат на рана превенција и детекција на деца во ризик. Крајниот корисник, односно граѓанинот ќе добие советување и работа во семејството, анализа на проблемот, следење на детето, директен третман, имплементација на услугите- логопедски и дефектолошки третмани кои ќе бидат бесплатни за сите деца кои ќе се пријават, проект кој лани беше во програмата на „Инклузива“. За разлика од лани кога беа издвоени 800 илјади денари, „Детска светлина“ од општината за истиот проект ќе добие само 380 илјади денари.

    Новина на списокот е Центарот за рурален развој „Бујрум“, чиј проект се однесува на спроведување на инклузивни работилници и курсеви за стекнување на вештини и вработување на ранливите категории- лица со попреченост. За корисниците се наменети онлајн курсеви, ресурси за достапност на вештините, а крајна цел е нивно мрежно поврзување со работодавачите и нивно вработување. За овој проект од локалниот буџет ќе бидат издвоени 320 илјади денари.

    Од програмата за Социјална заштита на Општина Куманово преостануваат 1 милион денари, од вкупно планираните 4 милиони. За нив дополнително ќе биде распишан јавен повик, на кој приоритет ќе имаат оние здруженија и организации кои ќе понудат различни програми од овие пет, но проекти кои се во согласност со планот за социјална заштита на населението кој го има изработено општината.

    Општина Куманово е една од ретките локални самоуправи кои имаат изработено социјален план, со целосно мапирање на многу категории на деца и лица во социјален ризик.