×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет полицајци загинаа триесетина повредени

    09.05.2015 21:23 | KumanovoNews

     Пет полицајци загинаа, а триесетини се повредени во полициската акција со вооружената група, што денеска се одвиваше во населбата Тоде Мендол.

    Пет полицајци загинаа триесетина повредени

     Животите ги загубија полицајци од Брвеница, Тетово, Зубовце, Гостивар и Штип.

    -Сакам да им се поклонам и да им изразам сочувство на семејствата на овие патриоти кои вечно ќе ги паметиме. Ќе ја паметиме и храброста на оние кои учествуваа во денешната акција, како и на на 30-ината кои се повредени. Покажаа храброст за заштита на Македонија, без оглед на нивната етничка или верска припадност. Рамо до рамо се бореа против група која беше закана за Македонија, – рече Јанкулоска.

    По 18 часот, биле повредени уште 6 полицајци откако поголема група на напаѓачите се предала. Според министерката, акцијата за откривање на вооружените напаѓачи сеуште трае, а ќе продолжи до целосно расчистување на теренот.

    МВР нема информации за загинати цивили.