Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пет пожари биле регистрирани минатото деноноќие на подрачјето што го покрива Територијалната противпожарна единица Куманово.
Пожарникарите вчера интервенирале на ул. Доне Божинов, во меноста Багрем Бања, каде се запалила сува трева. Постоело опасност огнот да ги зафати и околните куќи во Средорек и Перо Чичо.
И останатите пожари се на запалена сува трева и стрништа во селото Љубодраг, населбата Тоде Мендол, улиците Скопска и Михајло Пупин.
Во село Липково, покрај трева изгорела и 20 хектари ниско стеблеста шума. Покрај пожарникарите во гаснењето се вклучиле и вработени во Шумско стопанство и полицајци од станицата Матејче.