Пет улици и Стари Лозја без вода
05.09.2013 08:28
| KumanovoNews
Од јавното претпријатие “Водовод“ информираат дека утрово вода нема на пет улици во градот и во населба Стари Лозја.

Без вода за пиење се граѓаните од улиците “Славиша Вајнер“, “Драгојло Диндиќ“, “ЈНА“, “Живко Чало“ и “Никшиќка“. Во сите шест случаи снабдувањето со вода е прекинато поради дефекти на водоводната мрежа.
Вработени од ЈП “Водовод“ работат на отстранување на дефектите.