Пет жртви на насилство добија бесплатeн адвокат
Пет жени, жртви на семејно насилство до октомври годинава добиле бесплатна правна помош во Национален Ромски Центар.

Жртвите по своја волја бираат адвокат, а трошоците ги покрива државата.
Во сите случаи станува збор за жени - жртви на семејно насилство кои потекнуваат од различни социо-економски средини, а на кои НРЦ им помогна во комплетирањето на барањата за бесплатна правна помош, по што Министерството за правда позитивно одлучи на жртвите да им се одобри бесплатна правна помош.- вели Оливер Митов, правник во НРЦ.
Две од жртвите успешно ги завршија постапките за развод, другите три предмети се во судска процедура.
НРЦ е дел од неформалната мрежа на овластени здруженија за бесплатна правна помош и го користи Законот за бесплатна правна помош. Од НРЦ ги охрабруваат жртвите на семејно насилство да побараат правна помош и да ги заштитат своите права и своето достоинство.